УЕФА - 19 ЕУРО: Составот на Македонија за пласман на ЕП 2018
Селекторот на Македонија до 19 години Вујадин Станојковиќ го објави списокот со повикани фудбалери за Елитната квалификациска рунда за пласман на Европското првенство во Финска 2018 година.
Од 21. до 27. март, елитниот квалификациски турнир ќе се игра во Скопје, а противници на Македонија ќе бидат соодветните репрезентациите на Англија, Унгарија и Летонија. За натпреварите кои ќе се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и Националната арена „Филип Втори“ предводникот на Македонија ќе смета на следните фудбалери.
Првиот дуел нашата репрезентација ќе го одигра на 21. март против Летонија, на 24. март се соочуваме против Унгарија, а турнирот го затвораме со пресметката против Англија на 27. март. Сите натпревари „црвено-жолтите“ ќе се играат во терминот од 14 часот, на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, додека останатите средби од оваа група ќе се играат на арената „Филип Втори“ (исто така од 14 часот).
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола