Убиецот го призна убиството на македонскиот таксист во Белград
Мирослав Матиќ (32) од Љубовија вчера во Вишиот суд во Белград призна дека во март година во месноста Јабучки рид со калачников го уби таксистот Ќиро Тренески (41) а потоа и свештеникот Мирослав Чворовиќ (39) и побара од нивните семејства да му простат.
-Пред се сакам да им изразам сочуство на семејствата, жалам поради тоа што го направив. Немав намера никого да повредам, рече Матиќ во судницата, додека зад него стоеја вдовијците Лидија Тренески и Асенета Чворовиќ.
-Уште во март кога се се случи и јас и моите две ќерки му простивме за се. Не го мразиме Мирослав Матиќ. Му простивме, изјави Асенета Чворовиќ.
Сакал да ја продаде пушката
Матиќ вчера со мирен тон опиша како прво го убил таксистот, а потоа и невиниот свештеник.
-Тоа што го направив, го направив. Со таксистот се договоривме да се најдеме да ја погледне пушката која сакав да му ја продадам. Отидовме до Јабучки рид, кога ја извади пушката од торба и слушнав репетирање и видов цевка вперена во моите гради. Го удрив по рака, пушката падна и јас ја подигнав. Тренеска тргна кон мене и тогаш пукнав, раскажа Матиќ. Како што рече, останал да стои над убиениот таксист, кога слушнал дека му се доближува друг непознат човек.
-Викна: Што се случува, дали е во ред?“ Незнам што мислев во тој момент, но се свртев и притрчав кон него. Немав намера да го повредам, па јас тој човек го немав видено, раскажува двојниот убиец.
Потоа Матиќ заплака кога се повикани да сведочат неговиот татко и сестра
Сестрата го бранеше
-Сигурна сум дека е несреќен случај тоа што убил двајца и унесреќил две семејства. Ние потекнуваме од нормално и здраво семејство, а ова што се случи не се вклопува во личноста на мојот брат, низ солзи раскажуваше Љиљана Вујадиновиќ, сестра на Мирослав Матиќ.
Адвокатот Драган Палибрк која ја застапува сопругата на убиениот таксист, изјави вчера дека солзите и каењето нема на Матиќ нема да го вратата нејзиниот убиен сопруг.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит