Уапсениот за убиството на двајцата полицајци во Ајова од порано и е познат на полицијата
Осомничениот за убиството од заседа на двајцата полицајци во градот Де Мојн, во американската сојузна држава Ајова, белецот Скот Мајкл Грин денеска беше уапсен, но се уште не е обвинет. Тој од претходно и е познат на полицијата заради инцидент поврзан за расизам, информираа локалните власти, јавија британските медиуми.
Грин неодамна се судрил со локалната полиција откако мафтал со конфедерациското знаме, што се смета за расистички симбол, меѓу толпа луѓе во моментот кога била интонирана националната химна на почетокот на фудбалски натпревар во едно средно училиште, изјави началникот на полицијата во Урбандејл, предградие на Де Мојн, Рос Мекарти.
Полицијата нагласи дека Грин е белец, како и двајцата убиени полицајци.
Портпаролот на полицијата во Де Мојн, Пол Паризек, на прес конференцијата кажа дека напаѓачот, според досега собраните податоци, немал соучесници.
Овој вооружен инцидент е најнов во низата напади врз полицијата во САД во екот на жестоката јавна дебата за расните прашања и системот на кривична правда во САД, забележуваат британските медиуми.
Полицијата на американската сојузна држава Ајова денеска соопшти дека го уапсила Грин (46), кој се сомничи за убиството од заседа на двајцата полицајци во градот Де Мојн, само неколку часа откако беше идентификуван.
Не е наведен мотивот за двојното убиство.
Ново на Сител
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз
-
Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија