Преглед на вестите од светот
Државите кои ќе бидат одлучувачки за победа се во фокусот на Трамп и Харис во последните часови од предизбоната кампања.
Двајцата веќе 4ти ден кампањата ја водат во иста сојузна држава, а такава беше сликата и вчеравечер во Северна Каролина, една од 7те држави кои се сметаат за клучни за исходот од најнеизвестаната претседателска трка во САД досега.
И знаеме дека е време за нова генерација на лидерство во Америка. И јас сум подготвен да го понудам тоа лидерство како следен претседател на Соединетите Американски Држави. „Замислете ја Овалната соба. И ако тој биде избран, Доналд Трамп на првиот ден ќе седеше во таа канцеларија и ќе ја надмине листата на неговиот непријател. Но, кога ќе бидам избран, ќе влезам во ваше име работејќи на мојата листа на задачи. , порача Харис
„Таа се трудеше… Се трудеше над тој шпорет на помфрит. Така отидоа на. Така, лажните вести отидоа во Мекдоналдс и тие рекоа „Не, таа никогаш не работела овде“, тие не сакаат да го пријават. Таа никогаш не работела таму…“, рече Трамп
Над 75 милиони Американци веќе ја искористија можноста за предвремено гласање и по пошта, пред изборниот ден во вторник. Пред изборите државата Вашингтон ја стави националаната гарда во состојба на готовност поради потенцијални изборни немири.
А исходот од изборите во САД ќе влијае и на руско украинската војна. Унгарскиот премиер Орбан кој не ја крие својата поддршка за Трамп вели дека ако тој стане претседател Европа ќе мора да преиспита својата поддршка за Украина.
Да кажам многу едноставно, Европа не може сама да го поднесе товарот на оваа војна, војната во која влезе неодговорно или во која не водеа лидерите на европските институции. Ако Американците се префрлат на мир, тогаш и ние треба да се прилагодиме, а за тоа ќе разговараме во Будимпешта“изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан повеќепати досега отворено се противеше на воената помош за Украина, а оваа тема ќе биде високо на агендата на состанокот на европските лидери следната недела во Будимпешта.
Израелската војска соопшти дека во неодамнешниот воздушен напад во јужен Либан е убиен високиот командант на Хезболах Џафар Кадер Фаур
Фаур, според израелската војска, бил командант на ракетната дивизија на Хезболах и одговорен за бројни ракетни напади врз Израел од источниот сектор на јужен Либан, вклучително и смртоносните напади во јули на Мајдал Шамс, во кои загинаа 12 деца.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар