-->
-->
Уапсени пејачки и танчерки - македонската полиција ги тресеше локалите
-->
Во последната акција на полицијата во два угостутелски објекта во Гостиварско приведени се и задржани 11 женски лица, информираат од СВР Тетово.
Во акциската контрола спроведена во периодот од 23 до 5 часот утрово, во угостителски објект во село Чегране, сопственост на 50-годишниот чегранец А.Ш, затекнати се вкупно девет женски лица. Од нив, седум странски и две државјанки на Република Македонија, кои како пејачки и танчерки ги забавувале присутните гости.
Шест од нив на возраст од 21 до 47-годишна возраст биле од Република Албанија и една од Република Грција и заедно со сопственикот нa објектот, приведени се и задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.
Во угостителски објект лоциран на улица „Тоде Богдановски“ во Гостивар, затекнати се четири албански државјанки на возраст од 22 до 39 години кои, исто така, се приведени и задржани за натамошна постапка
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица