Уапсен жител на дебарското село Броштица поради семејно насилство
Полициски службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи лишиле од слобода жител на селото Броштица во општина Центар Жупа бидејќи физички ја нападнал неговата сопруга.
– Лишен од слобода е Ј.Р.(44) од селото Броштица. Тој, претходно во семејниот дом во селото, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Овој месец, ова е четврти случај на пријава на семејно насилство.
Во првиот случај, беше приведен С.Б.(67) жител на Дебар, кој во семејниот дом физички ја нападнал сопствената ќерка. Во вториот, приведен беше Н.М.(49) од дебарското село Косоврасти кој физички ја нападнал неговата сопруга. Претпоследниот случај беше во дебарското село Могорче, каде беше лишен од слобода Д.Д.(31), поради физичко насилство врз сопругата.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза