Свет
7. April 2017 - 12:30

Туск: Нападите на САД покажуваат потреба за решавање на прашањето со хемиско оружје

Нападите на САД во Сирија покажуваат неопходност од решавање на прашањето со хемиско оружје. Тоа ги напиша на Твитер претседателот на Европскиот совет Донадл Туск.

Според него, ЕУ и САД ќе работат заедно за да се прекинат непријателствата во Сирија.

Туск е првиот претставник на институциите на ЕУ, кој зазеде став за ракетните напади на САД врз воено воздухопловна база на сириската армија.