Турските власти цел на критики поради недостиг на безбедносни мерки во планинскиот хотел
Турските власти се соочуваат со критики поради недостигот на безбедносни мерки во хотелот во ски-центарот каде што вчера во пожар загинаа најмалку 76 луѓе, а повеќе од 50 беа повредени.
Хотелските работници, очевидци и опозициските партии велат дека откажал системот за откривање пожар во хотелот во ски-центарот Карталкаја.
Преживеаните изјавија дека немале на располагање ниту апарати за гаснење пожар и дека на пожарникарите им требало премногу време да стигнат до местото на несреќата од градот Болу, на околу 40 километри од хотелот во ски-центарот.
Според нив, многумина од гостите бегале низ зачадените ходници за да стигнат до излезите, а некои биле принудени да скокаат од прозорците за да се спасат од пожарот.
Главната опозициска партија, ЦХП, ја обвинува владата за ублажување на прописите за заштита од пожари пред повеќе од една деценија, во 2012 година.
Министерот за туризам Мехмет Нури Ерсој во вторникот ја обвини локалната противпожарна служба, отфрлајќи ги наводите дека хотелот нема излез во случај на пожар.
Во врска со пожарот досега се уапсени девет лица, меѓу кои и сопственикот на хотелот, а во меѓувреме продолжува расчистувањето на урнатините.
Локалната агенција за катастрофи АФАД и противпожарната бригада сè уште го пребаруваат хотелот и покрај можниот ризик од негово уривање, објави државната новинска агенција Анадолија.
Во Турција моментално е училишен распуст, а меѓу загинатите има и неколку деца.
Ердоган денешниот ден го прогласи за национален ден на жалост.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан