Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
Македонија нема систем за справување ниту со поплави, ниту со пожари. Нов состанок на надлежните, но констатирана е истата фактичка состојба како и на претходниот. Кога има криза, не се знае кој е надлежен да ја менаџира. Нема доволно опрема, ниту човечки кадар.
Идејата за спојување на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување бара промена на дваесеттина закони, што во пракса значи дека потребен е и подолг временски период за да се создаде еден систем – подготвен да одговори на потребите. Ќе се ангажираат и надворешни соработници за да ни покажат како правилно се работи.
И додека се крои системско решение за справување со кризни ситуации, властите одлучија дека превенирањето од поплави и пожари ќе биде оружјето кое ќе го користат за нивно спречување.
А летоска кога пожарите ќе ни станат летно секојдневние, повторно преку договор на дело пензионираните пилоти ќе бидат ангажирани за да ги управуваат ер тракторите, бидејќи други обучени лица за оваа потреба – немаме.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар