-->
-->
Турски државјани истепани и ограбени во Мрзенци
-->
Вчера во 20.45 часот од СВР Струмица е известено дека во 19.30 часот во с.Мрзенци, гевгелиско, непознат сторител, маскиран и вооружен со пиштол, извршил разбојништво над Л.Д. (28) и А.Ц. (31) од Р.Турција.
Пред влезната врата на куќата во која како потстанари живееле Л.Д. и А.Ц. сторителот ја турнал Л.Д., по што со пиштолот го удрил А.Ц. во пределот на главата, при што истиот паднал на земја.
Потоа му одзел 5000 евра и часовник „Ролекс“ во вредност од 7000 евра, по што побегнал во непознат правец.
Увид бил извршен.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа