Македонија
14. November 2024 - 16:31

Субвенции за сончоглед

Пелагониските производители на сончоглед бараат државата да им помогне со плус седум денари за килограм предаден род. Велат сушата направила големи штети па не можат ниту да го достигнат потребниот праг за да добијат субвенции.

Иако исплатата досега била навремена, на средба со раководството на компанијата Благој Ѓорев побараа тие да помогнат да се направт промени во цените, за да не се откажат од производство.