Турција: Спречен обид за убиство на заменикот претседател на АКП
Турските власти соопштија денеска дека е спречен план за убиство на заменикот претседател на Партијата на правдата и развојот (АКП) Мехди Екер.
Нападот е планиран со користење на 650 килограми експлозив поставен во близина на неговата семејна гробница.
Експлозивот, како што информираат властите во југоисточниот град Дијарбакир, е откриен на пет различни места на гробот во округот Бисмил, во близина на местото каде е закопана мајката на Екер.
Екер денеска требало да го посети гробот со цел да оддаде почит на неговите починати роднини, во пресрет на муслиманскиот празник Курбан бајрам. Тој за телевизијата НТВ изјави дека во изминатите 30 години ги посетува гробиштата, како и дека најмалку 100 луѓе требало да му се придружат на денешната посета.
Не е познато која група стои зад обидот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет