Тројца загинати во сообраќајка кај Делчево
Двегодишно детенце и неговите родители попладнево загинаа во тешка сообраќајна несреќа на дестина километри пред Делчево. Според првичните информации од СВР Штип, несреќата се случила при директен судар на патничкото возило Фиат пунто со делчевски регистерски таблички со камион натоварен со дрва со штипски регистерски таблички управуван од 56-годишниот ПГ од Штип.
- Во несреќата на лице место загинале 32-годишниот ДД кој го управувал возилото, неговата пет години помлада сопруга и нивниот двегодишен син. Несреќата била пријавена во 15:40 часот, а се случила на магистралниот пат Кочани-Делчево кај месноста Лештаро, информира Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.
Таа додаде дека екипи од полицијата и надлежните органи во моментов вршат увид на местото на несреќата, а сообраќајот е во прекин во двата правци.
Ново на Сител
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје
-
Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом
-
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава