-->
-->
Тројца повредени во сообраќајка на крстосница во Карпош
-->
На 31.03.2022 во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански oдреди“, ул.„Лондонска“ и ул.„Московска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фиеста“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(54) од Скопје и патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(19) од Скопје, соопштија од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Н., а со телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото „форд фиеста“, Е.Е.(26) од Скопје и возачот М.И., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет