Преглед на вестите од светот
Израел треба да го откаже примијето со Хамас, а САД ќе дозволат да се случи пекол во Газа доколку палестинската милтинатна група не ги ослободи сите преостанати заложници до сабота напладне. Изјавата на американскиот претседател Трамп уследи откако Хамас објави дека го одложува следното ослободување на заложници планирано за в сабота, обвинувајќи го Израел дека го прекршил договорот за прекин на огнот – односно го попречува враќањето на раселените палестинци во Северна Газа со пукање кон нив и ја отежнува доставата на хуманитарна помош во енклавата.
Трамп рече дека Израел ќе одлучи дали ќе го откаже примирјето. Досега нема рекација од израелските власти за предлогот на шефот на Белата куќа, додека палестинската милитанта група му порача дека постои договор помеѓу Хамас и Израел што мора да го почитуваат двете страни и тоа е единствениот начин да се вратат заложниците
Ескалацијата на трговската војна на САД против остатокот од светот добива на интензитет. Трамп ја потпиша наредбата за царини од 25 проценти на увозот на челик и алуминиум во САД. Ниту една држава не е исклучена од мерката, истакна шефот на Белата куќа. Најмногу погодени ќе бидат Канада, Бразил и Мексико, кои се најголемите снабдувачи на САД со челик и алуминиум.
Трамп рече дека наредбата ќе стапи на сила на 12 март. Премеирот на Канада порача дека прво ќе се обиде да разговара со американската администрација да ја исклучи Канада од мерката, пред да одговорат со контрамерки. И Еу со сличен став.
- Остануваме посветени на конструктивен дијалог, подготвени сме за преговори и да најдеме заемно корисни решенија онаму каде што е можно. Ќе ги заштитиме нашите работници, бизниси и потрошувачи. Ова е начин да ги заштитиме европските интереси, но тоа не е наше претпочитано сценарио, вели Марош Шефчовиќ, комесар на ЕУ за трговија.
Во меѓувреме, Трамп изјави дека размислува за воведување дополнителни царини за автомобили, лекови и компјутерски чипови.
За апсењето на градоначалникот на Тирана Ерион Велиај, албанскиот премиер утрово зборуваше во емисија во живо на албанската телевизија а2. Рама реагираше на начинот на кој бил уапсен градоначалникот и за изречената мерка затворски притвор. Истакна дека владеење на правото и борба против корупцијата е императив на неговата влада и порача дека виситната за Велиај близок соработник ќе излезе на виделина. Потоа Рама удри со раката на масата и пцуеше на англиски јазик и го прекина интервјуто.
Во студиото двајцата водители останаа збунети од реакцијата на Рама. Велиај, кој важи за близок човек на Рама беше уапсен вчера по налог на специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, под обвиенеие за злоупотреба на службената положба, активна и пасивна корупција, непријавување имот и перење пари, по што специјалниот суд му одреди мерка „затворски притвор“.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар