Тркалезна маса за младинските политики
Во рамки на проектот „Корелација меѓу младинските приоритети и официјалните политики“ денеска ќе се одржи тркалезна маса за младите. Организатори се Прогрес Институтот за социјална демократија и Институтот за социолошки анализи.
- Целта на овој настан е да овозможиме јавна дебата на која ќе говориме за добиените сознанија од истражувањето спроведено во рамки на проектот, мерките кои треба да се преземат за решавање на најгорливите проблеми со кои се соочуваат младите, како и за мобилизирање на јавното мислење дека младинските политики мора да се во согласност со предизвиците на младите, соопштија организаторите.
Според програмата, излагања ќе имаат проф. д-р Емилија Симоска, членка на проектниот тим, проф. д-р Петар Атанасов, член на истражниот тим и Тања Томиќ, поранешена пратеничка и член на Управниот одбор на Прогрес Институт.
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација