Тркалезна маса за деца со аутизам во основното образование
Тркалезна маса на тема „Децата со аутизам во редовното основно образование“ ќе се одржи денеска во ЕУ Инфо центарот во Скопје.
Тркалезната маса ќе ја отворат народниот правобранител Иџет Мемети, програм менаџерот за образование и родова еднаквост од Делегација на Европската унија во Скопје, Софи Боман и амбасадорката на Австрија во Македонија, Ренате Коблер.
Истражувањето спроведено од Канцеларијата на народниот правобранител за „Согледување на состојбите со остварување на правото на образование на децата со аутистучен спектар на нарушување во основните училишта“ ќе го презентира заменик народниот правобранител, Васка Бајрамовска-Мустафа, а искуството од Австрија за оваа состојба ќе го пренесе проф. Ернест Бергер претставник на Австрискиот омбдсман борд.
За „Активностите на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието во однос на образованието на децата со аутизам“, ќе зборува Снежана Трпевска-советник за воспитување и образование на деца со посебни потреби, додека на тема Предизвиците на инклузивниот процес во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“-Скопје ќе зборува Елизабета Петровиќ, наставник и национален обучувач за инклузија.
Тркалезната маса се одржува во рамките на Твининг проектот насловен како „Промоција на надлежностите на народниот правобранител и јакнење на институционалните капацитети“, а кој го спроведува Народниот правобранител во соработка со Канцеларијата на Австрискиот омбудсман борд и Лудвиг Болтцман Институтот за човекови права.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток