Трифонов: Петков предвидел отстапки за т.н. „македонски јазик“
Лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов пред неколку дена соопшти дека се повлекуваат од владината коалиција, а денеска со нов статус го нападна премиерот на Бугарија, Кирил Петков.
Петков му ветил на Вархеји дека ќе го тргне ветото за Македонија за почеток на пристапни преговори со Европската унија (ЕУ), а притоа сакал да направи отстапки за македонскиот јазик.
„Денеска имаше седница на Народното собрание. Голата вистина излезе на виделина. Премиерот на Бугарија сакал да изврши национално предавство. Предство кон Бугарија и Бугарите. Сакал да го тргне ветото без Северна Македонија да ги исполни условите. Исто така, Кирил Петков и Весела Чернева обезбедиле отстапки за правата на Бугарите во Северна Македонија и отстапки за т.н. ‘македонски јазик’“, објави Трифонов.
Ново на Сител
-
Во Кисела Вода пронајден починат маж на автобуска постојка
-
Турчинка физички нападната од такси возач во Скопје
-
Мицкоски: Не може да има промена на имиња на улици без консензус
-
Владата го примила предлог-текстот за пругата на Коридор 8 предложен од Бугарија
-
Полска и Канада потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија
-
Сашко Коцев: Беа во цивилка, не знаев дека се полицајци
-
Сашко Коцев не застанал на полиција, удрил во полицаец па избегал
-
Најмалку 18 повредени во автобуска несреќа во Белград