Loading Video...
Балкан
28. January 2025 - 12:19
Српскиот премиер си поднесе оставка
Српскиот премиер Вучевиќ си поднесе оставка по вчерашниот инцидент во Нови Сад во кој беа повредени демонстранти. Државниот врв на Србија вчера најави реконструкција на владата и помилување на уапсените учесници во тримесечните протести, тврдејќи дека се исполнети барањата на студентите, чиј бунт добива се поголема поддршка ширум Србија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, во екот на студентската блокада во сообраќајот во Белград, изјави дека ќе ги исполни сите нивни барања и ќе ги помилува уапсените за време на досегашните протести, а истовремено најави и реконструкција на владата. Студентите одговорија дека нивните барања не се исполнети и дека продолжуваат со блокадите.
-->
-->