Македонија
8. November 2019 - 11:30

Чествување на патронот Св.Димитриј во Соборниот храм во Крива Паланка

Голем број верници присуствуваа денеска на чествувањето на празникот на светителот, патронот на соборниот храм во Крива Паланка, свети Великомаченик Димитриј. Чествувањето на празникот започна вчеравечер, кога беше отслужена вечерна богослужба, а продолжи утринава, во осум часот, со служење света Божествена литиргија.

Со богослуженијата чиноначалствуваше Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, во сослужение со свештенослужителите од Кривопаланечкото архиерејско намесништво.

Оттаму истакнаа дека бројните верници кои пристигнуваа во храмот заедно со свештенството соборно се заблагодариле на Бога и неговиот угодник, свети великомаченик Димитриј.

По литургијата се даваше и света причест за верниците кои постат, а во дворот на црквата беа осветени славските колачи и вода.