Трибина: Мора превентивно да се дејствува против кибернасилството
Мора превентивно да се работи против кибернасилството, особено меѓу младите, да се подигне свеста, работа со родителите, а институциите да укажуваат со обуки, препорачаа стручњаците на трибината што ја организираше прилепската гимназија „Мирче Ацев“ за тоа колку социјалните мрежи се општествено добро или зло.
Во гимназијата, вели директорот Диме Настески, нема досега пријавено случај, но многу е битно да се укаже колку и како младите ги користат социјалните мрежи, и колку се злоупотребуваат.
-Целта на трибината „Социјалните мрежи – општествено добро или зло“ е што повеќе учениците да се запознаат со користењето, добрата страна и доброто информирање, но и од друга страна, злоупотребата на социјалните мрежи. Ова посебно стана актуелно во нашата држава, аналогно и во нашето училиште, и тоа по откривањето на „Jавната соба“ кога се виде големата злоупотреба на кибер информациите. Затоа, сакавме, низ неколку чекори кои ги презедовме во текот на овој месец, да им приближиме на учениците што подобро да се запознаат што значи употреба, а што злоупотреба на социјалните мрежи. Сѐ уште кај нас немаме пријавено некој случај, но и предвременото обрнување внимание за ова, е добредојдено, вели Настески.
Во прилепскиот Центар за Социјални работи интензивно се даваат совети, се работи со жртвите, со семејствата. Според педагогот од Центарот, Гордана Велјаноска, нема многу, но регистрирани се 10-ина случаи во текот на годината.
– Најчесто, кибернасилството почнува вербално и продолжува во физичко насилство. Од банална објава на социјалните мрежи – преминува во физичка пресметка. Сме имале околу 10 случаи во текот на годината и ако не се преземат навремени мерки, тоа може да ескалира. Центарот за социјални работи има надлежности, мерки и помош што ја нуди при кибернасилство. Нудиме советодавни услуги, работа со жртвата, но и со родителите, со семејството, со училиштето, доколку има потреба и со здравствените установи, рече Велјаноска.
За Велјаноска, најбитна е комуникацијата на родителите со децата, да знаат што и како нивните деца ги употребуваат социјалните мрежи.
-Многу е важна соработката со родителите кои се клучни, во воспитувањето на децата на кои треба да им бидат позитивен пример. Да најдат начин да ја подобрат комуникацијата со децата, да им се доближат за децата да имаат доверба во нив и да им се доверуваат, објаснува Велјаноска.
Универзитетскиот професор Мимоза Богданоска Јованоска од Факултет за информатичко-комуникациски
-Технологијата е за добро, за развој на општеството. Но ги има негативностите. Социјалните мрежи се најпосетуваните и има податок дека ако Фејсбук би била држава, би била петта најнаселена во светот. За жал, свеста за користењето на социјалните мрежи е на многу ниско ниво. Сѐ уште не сме доволно свесни што сѐ негативно може да ни се случи. Реагираме откако тоа ќе се случи, а тогаш е доцна. Затоа ги поздравувам ваквите чекори кои ги преземаат училиштата. Подигнувањето на свеста може да биде на повеќе начини, а еден од најбитните е тоа да оди институционално, односно, со едукација на децата од најмала возраст, да се приспособуваат програмите, рече Богданоска Јованоска.
Од МВР велат најчести кривични дела се: злоупотребата на личните податоци и производството и употребата на детска порнографија. Мора да се објаснува како децата да ја осознаат одговорноста дека може да бидат потенцијални сторитерли на кривични дела, но и како да се заштитат да не бидат потенцијални жртви на сајбер-насилството и од компјутерскиот криминал. Објаснуваат, велат како тоа децата да го препознаваат, но и да пријават во полицијата кибернасилство и компјутерски криминал.
Сашо Јандрески и Марио Велкоски од Училишниот парламент во прилепската гимназија велат дека стојат на располагање да реагираат, а имаат и дете правобранител.
-Сметаме дека трибината е многу корисна. Нашите генерации располагаат со социјалните мрежи, но е недозволиво тоа да биде уште од мали нозе. Апелирам до родителите да ја санкционираат употребата на социјалните мрежи кај своите деца до определена возраст. Ние како Училишен парламент сме тука да реагираме на секоја злоупотреба на социјалните мрежи, да кажеме НЕ и да укажеме на користење во дозволените и корисни рамки, вели Јандрески.
-Како Училишен парламент имаме и дете правобранител. Досега немало поплаки. Може да кажам дека сме и прво училиште што прави ваква трибина за да ги запознаеме соучениците дека покрај добрите, има и лоши страни од користењето на социјалните мрежи, смета Велкоски.
Ново на Сител
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса