Македонија
9. November 2024 - 10:14

Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен

Земјотрес со јачина од 2,9 степени во околината на Ресен регистрирал Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).  

Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри северно од Ресен и на длабочина од околу 12 километри.

-Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала утрово  е регистриран во земјава во 05:56 часот по локално време, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).