Три работи се забранети во филмовите на Дизни
Не треба воопшто ни да се спомене дека правењето филм за Дизни носи голем притисок. Не само што сте под будното око на јавноста, која со нетрпение го очекува филмот, туку ако сте личноста одговорна за правењето на проектот, тогаш шефовите на студиото очекуваат, исто така, да бидат импресионирани, пишува британски „Сан“.
Режисерот на филмот „Пит и змејот” Дејвид Ловери, откри дека меѓу многуте нешта на кои компанијата Дизни со цврсти договори ги обврзува своите уметници, се кријат и три „апсолутни забрани” кои важат за сите филмови.
Ловери, кој е и сценаристи на филмот за осамен 10 годишник кој живее во шума со змејот Елиот, вели дека во неговиот договор пишува дека во филмовите на Дизни е забрането пушење, сечење на глава и „смрт со набивање на остар предмет”. Тоа се три работи кои не смеете да ги правите во филмови на Дизни.
Во договорот буквално тие зборови се наведени во списокот на работите кои се забранети - рече Ловери. Дизни лани објави дека ќе го искорени пушењето од сите филмови кои ги имаат назнаките G, PG и PG13, вклучувајќи ги и тие зад кои стојат Марвел, Пиксар и Лукас филмс (франшизата Војна на ѕвездите). Како што се наведува, пушењето ќе биде дозволено само во посебни околности, т.е. кога се прикажува како лоша работа или кога се прикажува историска личност која пушела.
Ова правило, барем што се однесува на Ловери, го спречува да направи римејк на Пинокио.
- Пинокио е првиот филм што некогаш сум го гледал. Тој филм ми е многу близок. Сцена во филмот која остави на мене најмногу влијание е онаа кога Пинокио пуши цигара и целиот се зацрвенува, појаснува Ловери.
Што се однесува до смртта предизвикана со набивање на остар предмет, тоа е забрането од 1989 година, по реакцијата на бруталната смрт на вештерката Урсула во „Малата сирена”. Отсекувањето на глава го памтиме во Алиса, но не се знае од кога датира таа забрана.
Ново на Сител
-
Скопјанец ја пријавил за исчезната невенчаната сопруга
-
6 лица повредени во сообраќајка кај Дебарца
-
Седница на собранието
-
СДСМ: Владата да најде лекови за Онкологија
-
ДУИ: Граѓаните плаќаат за министрите на Вреди да се шетаат
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се извини за Груби
-
ДКСК на второ место согласно Извештајот за транспарентноста на државните институции за 2024
-
Прилепското обвинителство чека извештај од полицијата за повредениот ученик