Македонија
22. January 2025 - 12:24

Седница на собранието

Собранието денеска во 13 часот треба да ја продолжи 31. седница. На дневен ред се останати неколку закони по скратена постапка како законот за комунални дејности, за финансиска полиција како и измените во законот за градење и за превоз во патниот сообраќај.

Собранието во рамки на 31. седница вчера го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата во трето читање, откако претходно беше изгласан последниот од шесте поднесени амандмани, од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. 

 Претходно, претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го потпиша указот за прогласување на овој Закон, по што тој беше вратен во Собранието кое го измени во согласност со нејзините забелешки.