Прилепското обвинителство чека извештај од полицијата за повредениот ученик
Прилепското основно јавно обвинителство во текот на денешниот ден треба да добие известување од полицијата за за случајот со повреденото 11 годишно дете кое падна од највисокиот, трет кат, од зградата на основното училиште „Гоце Делчев“ во Прилеп и се здоби со тешки повреди.
Според в.д. основниот јавен обвинител Лидија Салатоска Илиоска, овинителството претходно ѝ дало насоки на полицијата како да постапи и да ги извести.
- Од досегашните сознанија сметаме дека станува збор за несреќен случај, но на полицијата ѝ дадовме насоки да изврши разговори со медицинските лица кои интервенирале во случајот, со вработените од училиштето и со други лица. Во текот на денешниот ден ќе добиеме извештај од полицијата за да се знае како понатаму да се постапи, телефонски ни изјави основниот јавен обвинител Салатоска Илиоска.
Немилиот настан се случил во понеделникот, на 20 јануари вво 14,35 часот, на големиот одмор во попладневната смена. Од засега непознати причини, шестоодделенецот паднал од прозорецот на најгорниот, трет кат од училишната зграда. Веднаш била повикана Итна помош и лекарите го нашле детето на тлото во полусвесна состојба. На одделот за анестезија, првично биле констатирани скршеници на петиците на нозете и сомнеж за скршеници на прешлените. Ученикот се лекува на детска хирургија во Скопје.
Од училиштето известија дека станува збор за примерен, трудољубив, дружељубив одличен ученик и дека направиле сѐ за да помогнат.
Увид направи полицијата на местото на настанот.
Ново на Сител
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
Приведена 65-годишна штипјанка, го принудувала внукот да питачи во Дебар
-
Физички нападнат 30-годишен велосипедист во подрачјето на Карпош
-
46-годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син се оддалечил од домот