Три нови случаи на Ковид-19 во гостиварско
Епдимеиолозите открија три нови случаи на инфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион. Последните тестирања дадоа по еден позитивен резултат во трите општини. До денеска вкупно активни се 29 случаи.
Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб, вчера епдемилошките служби тестирале 16 лица. Во општина Гостивар сега има 14 активни случаи, во општина Врапчиште 12, а во Маврово и Ростуше 3.
Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари кој е претседател на штабот ја оценува состојбата како стабилна, но предупреди на задолжително почитување на мерките за заштита, особено во овој период кога регионот се соочува со вториот бран на пандемијата.
Во трите гостиварски општини од почетокот на пандемијата направени се 470 тестови и вкупната бројка на регитрирани е 50. Од нив 24 се во Гостивар, 21 во Врапчиште и пет во Маврово и Ростуше. Како последица од инфицирање со корона вирусот починаа три лица.
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација