Свет
18. November 2016 - 17:56

Тревога во Бостонскиот универзитет

Бостонскиот универзитет денеска соопшти дека во кампусот има „голем број на полицајци поради тревога“ и оти од луѓето се бара да го напуштат подрачјето.

Според американските медиуми нешто се случува во зградата каде се сместени универзитетската библиотека и филијала на „Банката на Америка“. 

Бостонската полиција на Твитер објави дека „се случува нешто загрижувачко“.