Свет
21. December 2016 - 20:22

Трамп ја отфрли Русија од листата на „одбранбени приоритети“ на САД

Пентагон доби допис од преодниот тим на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, во кој се наведени идните приоритети во американскиот сектор на одбрана, а меѓу нив не се споменува Русија.

Според тој документ, Министерството за одбрана под новата администрација ќе мора да се фокусира на борба против ИД, изградба на одбранбената моќ на државата, кибер безбедност и на поголема ефикасност.

Истовремено, Русија не се споменува како закана за САД ниту индиректно.

Автор на дописот е заменикот помошник министер за одбрана Брајан Макеон кој го составил по упатства на Мира Рикарделм, една од советничките на Трамп, јавуваат американски медиуми.