Трајанов предлага закон за проверка на судските случаи
Претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник Павле Трајанов достави Предлог-Закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, со кој се создаваат можности за повторување на постапката доколку судската одлука се заснова на:
- повреда на начелото презумпција на невиност,
- користење разговори од незаконито пресретнување на системите за комуникација,
- злоупотреба на посебната истражна мерка заштитен сведок,
- злоупотреба на системот за распределба на судски предмети(АКМИС).
- во други случаи на фабрикување или монтирање на факти и докази и др.
„Во суштина предлагам законски решенија за создавање законска можност, можност за преиспитување на фактите и доказите во сите политички мотивирани судски процеси преку повторување на постапката. Во изминатите 15 години има голем број на монтирани судски процеси, за кои се залагам да им се овозможи фер судење, каде ќе можат осудените да презентираат докази дека судските одлуки се засновани на лажни или фалсификувани факти и докази“, вели Трајанов.
Трајанов потенцира дека во тие политичко-полициски монтирани процеси биле вклучени политичкиот врв во државата, припадници од Министерството за внатрешни работи,(посебно од Управата за безбедност и контраразузнување,) јавни обвинители и судии.
„Инаку за овој закон стои Комитетот за заштита на правда, каде членуваат над 300 судени граѓани, кои укажуваат на флагрантно кршење на нивните права и неможност за обезбедат повторување на постапката преку решенијата содржани во Законот за Кривична постапка“, рече Трајанов.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците
-
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
-
Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина
-
Бајден: Само Господ може да ме отстрани од претседателската трка
-
НАТО и името на „координацијата за меѓународната безбедносна помош“ за Украина
-
Сончево и топло, температура до 36 степени
-
САД ќе продолжат да се ангажираат за прашања од заеднички интерес
-
Може ли за неколку месеци да се стане АИ експерт? | Growth Labs Academy | Sitel Podcast 050