-->
-->
Трагедија ја потресе Македонија: Загина 25 годишно момче во Прилеп
-->
Tешка сообраќајна несреќа околу полноќ во Прилеп. Животот го загуби 25 годишен прилепчанец управувајќи со мотор.
Несреќата се случила на улица Самоилова. Од засега непознати причини а најверојатно за да избегне полу легнат полицаец кој е поставен за намалување на брзината поради близина на средното економско училиште и основното училиште Рампо Левката возачот на автобусот преминал на крајната лева коловозна лента од улицата и удрил во моторциклистот.
Очевидци тврдат дека ударот бил многу силен од што моторџијата се здобил со сериозни повреди во главата и брзо паднал во кома.Обидите на лекарите во општата прилепска болница да го спасат 25 годишното момче биле залудни.
Од повредите во главата тоа починало. Истрагата допрва треба да утврди како е можно возач на автобус кој нокта превезувал туристи да се одлучи наместо да ја намали брзината и полека да мине над легнатиот полицаец решил да го избегне да премине на неговата крајна лева страна од улицата со четири коловозни ленти и да удри во мотоциклистот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот