Македонија
20. October 2016 - 8:39

Традиционален Самит на Македонија 2025

Македонија 2025 денеска и утре во Скопје традиционално го организира Самитот - Платформа за пренесување знаење од областа на бизнисот, лидерството и иновациите.

На Самитот, на кој се очекуваат над 40 говорници, ќе се зборува за поттикнување економски развој, употреба на обновливи извори на енергија, програмата на Европската вселенска агенција, примерот на Израел во поглед на економскиот развој, регионална и европска економска интегрција, иновации што ја редефинираат здравствената нега и давањето услуги во оваа област, иднината на превозот, Македонија како развоен центар за паметни технологии, улогата на жените во развојот на лидерство и одржлива иднина, најновите технологии и нивната улога во промената на светот и многу повеќе.