Тошковски и Ангелов извршија увид на состојбата на терен на пожарот во атарот на с. Зеленград, пробиштипско
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска заедно со директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изврши увид на состојбата на терен на пожарот во атарот на село Зеленград, пробиштипско.
- Искрена благодарност до пожарникарите, доброволците и сите вклучени во гаснењето на пожарите за нивната несебична посветеност и храброст. Во постојана комуникација сме со нашите пријатели од странство со цел обезбедување дополнителна помош и ресурси за справување со оваа криза, објави министерот Тошковски на официјалната Фејсбук страница.
Претходно, пак, Ангелов информираше дека пожарот во охридското село Косел повторно се реактивирал. Тој утрово рече дека пожарот кај Косел е под контрола и има горење само во еден дел, но поради силниот ветер, како што вели, пожарот избегал од контрола и покрај тоа што 100 лица работат на гаснење на пожарот.
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец