Топлата бања го намалува крвниот притисок
Капењето в када со топла вода најмалку четирипати неделно може да го намали крвниот притисок, но и ризикот од дијабетес тип 2. Ова, според ново истражување на Европската асоцијација за проучување на дијабетесот.
Иако има многу придобивки поврзани и со ладната бања, и топлата вода има и свои предности.
Претходни истражувања ги поврзуваа сауните и топлата када со поквалитетниот сон, како и со здравјето на срцето. Новото испитување опфатило 1.297 возрасни лица со дијабетес тип 2 во однос на влијанието што редовното топло капење ги имало врз нивното метаболичко здравје.
Пациентите биле поделени во три групи, засновани на фреквенцијата на капење. Првата група испитаници се капеле во топла бања четири или повеќепати неделно, втората група се капела еднаш до четирипати неделно, а третата група – само еднаш неделно.
Податоците покажале дека оние кои се капеле почесто, односно првата група испитаници повеќе слабееле, имале подобар крвен притисок и постабилен индекс на шеќер во крвта. Сиве овие фактори заедно можат да помогнат при намалување на ризикот од дијабетес тип 2.
Во просек, кај луѓето што се капеле во топла бања четирипати неделно, по најмалку 16 минути, или поретко, овие параметри имаат за нијанса помала вредност.
Топлата бања влијае врз нивото на шеќер и крвниот притисок, без оглед на возраста, тежината, полот, како и евентуалните лекови и разните терапии кои човекот ги има.
Ново на Сител
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни