Тодоров: Кратењето на пензиите и платите е карактеристика на СДСМ
Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров, коментирајќи ја изјавата на поранешниот министер за финансии од СДСМ, Никола Поповски во врска со можни намалувања на платите и пензиите, рече дека тоа е карактеристика на владеењето на СДСМ.
- Во нивната историја тие имаат многупати докажано дека она што го знаат е да намалат пензии и плати и да избркаат луѓе од работа. Затоа и објавивме дека нема да дозволиме аболицираниот Заев, ниту СДСМ да формира Влада. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе формира Влада особено затоа што ние не планираме кратење ниту на пензии, ниту на платите, ниту бркање од работа како тоа што го најави СДСМ, рече Тодоров.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ ја формира Владата, како што најави предвидува зголемување и на пензиите и на платите за 10,25 посто.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот