Тилерсон: Тврдењата дека ќе биде сменет од функцијата се смешни
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска ги оцени како „смешни“ тврдењата што вчера протекоа во јавноста, дека ќе биде сменет од функцијата.
Како што јави МИА, „Њујор Тајмс“ синоќа објавија дека Белата куќа подготвува план за разрешување на Тилерсон, како и дека на негово место ќе биде именуван директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Мајк Помпео.
Запрашан за наводите за негова смена, државниот секретар на САД само кусо одговиори: „тоа е смешно, смешно“.
Белата куќа уште синоќа ги негираше ваквите тврдења, сооопштувајќи дека Тилерсон ќе остане на чело на Стејт департментот.
Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека „засега нема најави“ за смена на државниот секретар.
- Тилерсон продолжува да го води Стејт департментот и целата Влада е фокусирана на завршување на неверојатно успешната прва година од администрацијата на Трамп, изјави Сандерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да ги коментира таклвите наводи.
- Тој е тука, Рекс е тука, одговори кусо Трамп, по состанокот со принцот од Бахреин во Вашингтон.
Сенаторот Боб Коркер, пак, по разговор со Тилерсон, изјави дека државниот секретар не знае за плановите за негово сменување.
- Тој се занимава со неговите секојдневни обврски и не знае ништо за некакви промени, изјави Коркер, кој е претседател на Комитетот за надворешни работи на Сенатот.
Најавите за смена на Тилерсон доаѓаат по разликите меѓу него и Транп по неколку клучни прашање.
Во однос на Северна Кореја, Тилерсон се заложи за дипломатски пристап, а Трамп тоа го оцени како „губење време“. Државниот секретар, исто така, го бранеше Договорот за иранската нуклеарна програма, а Трамп ја оспорува неговата важност.
Одредени американски медиуми, во текот на летото информираа и дека Тилерсон на еден состанок го нарекол Трамп „морон“.
Ново на Сител
-
Радев: Политиката на Скопје е насочена против европските принципи
-
Поднесена кривична пријава против Самка Ибраимовски за закани и повици за насилство кон судија на Уставниот суд
-
Марк Руте е новиот генерален секретар на НАТО
-
Штипјанец и гевгеличанка лишени од слобода поради дрога
-
Анкета на ИПИС: Мицкоски најпопуларен политичар, граѓаните очекуваат новата власт да биде подобра од претходната
-
ЦУК: Прв координативен состанок за справување со змии
-
ДЗР ги објави конечните ревизорски извештаи за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива
-
Претрес во Тетово, приведен дилер