Тројца загинати во обилните снежни врнежи во северна Јапонија
Најмалку три лица загинаа во обилните снежни врнежи во северозападна Јапонија, кои почнаа минатиот викенд.
Според официјални претставници, стотина возила беа блокирани на автопатите, нарушено е движењето на возовите, а илјадници домови останаа без струја.
Снежните врнежи започнаа во саботата во северниот крајбрежен регион на земјата. Снежната покривка е над 2 метри на места во префектурите Ниигата, Јамагата и Аомори.
На автопатите во Ниигата стотици автомобили и камиони беа заглавени во конвои долги повеќе од 20 километри. Локални волонтери помогнаа со обезбедување храна и други основни работи за луѓето заробени во нивните автомобили со часови.
Со подобрување на временските услови, надлежните вчера дозволија движење на патиштата.
Сепак, според временските прогнози, за време на викендот се очекува регионот да го зафати уште едно снежно невреме.
Повеќе од 10.000 домови, главно во префектурата Ниигата, сè уште се без струја, а снабдувањето со намирници доцни поради блокирани патишта, соопшти утринава Министерството за економија, трговија и индустрија.
Канцеларијата за заштита од пожари и управување со катастрофи соопшти дека во невремето три лица загинале, а 10 се повредени.
Ново на Сител
-
Укинат факултетот за здравствени науки во Струга, Владата ја поништи одлуката од претходното владино раководство
-
Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа
-
Струјата во Турција од 1 јули ќе се зголеми за 38 отсто
-
Приведен крадец баран со потерница
-
ИНСТАТ: Во Албанија живеат 2.281 Македонец, 7957 се попишани како Бугари
-
Ќе се дигитализираат 20 нови услуги во првите 100 дена од работата на Владата
-
Се испуштаат агресивни кучиња во Битола, општината побара помош од МВР и АХВ
-
Викендов сончево и топло, од вторник услови за невреме