Македонија
1. March 2025 - 11:53

Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал

Малолетник се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко возило на кружен тек во Тетово по што возачот избегал.

Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека сообраќајната незгода се случила синоќа на кружниот тек од улицата „Јане Сандански“ со улицата „Гоце Стојчески“. 

Повредениот малолетник од село Шемшово е пренсен во Клиничката болница во Тетово каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.