Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија
Едно лице се здобило со тешки телесни повреди откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Изутринава во 05.20 часот било пријавено дека на автопатот Неготино - Демир Капија, патничко возило „рено“ со српски национални ознаки, управувано од А.Ц., на возраст од 47 години од Република Србија, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 68-годишниот сопатник Х.Л.В., додека возачот и сопатниците А.В., на возраст од 43 години и В.Л., на 54-годишна возраст од Република Србија, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом - Неготино, појаснуваат од СВР - Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител. Увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.
Ново на Сител
-
Владата ја промовираше развојната национална програма
-
Расте интересот за дуално образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години