Македонија
24. December 2021 - 11:58

Тешко повредени лица откако се судриле „фолксваген голф“ и запрежно возило

Во текот на вчерашниот ден се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ и запрежно возило во која со тешки телесни повреди се здобиле неколку лица.
На 23.12.2021 околу 10.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – исклучок за с.Мамутчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од И.С.(47) од с.Горобинци, светиниколско и запрежно возило, управувано од И.З.(75) од Велес. Во несреќата И.З. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот во запрежното возило С.У.(65) од Велес, возачот И.С. и сопатничката во неговото возило В.С.(74) од с.Горобинци се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото извршиле екипа на СВР Велес.