-->
-->
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа на локалниот пат Грдовци Мојанци
-->
Изутринава на локалниот пат од село Грдовци кон село Мојанци кочанско се случила тешка сообраќајна несреќа во која едно лице е потешко повредено и пренесено на Клиничкиот центар во Скопје.
До несреќата дошло откако се судриле моторно возило со италијански регистарски таблички управувано од жител на село Зрновци и мотоциклист од село Грдовци.
Во несреќата потешко е повреден 37 годишниот мотоциклист, кој по укажата лекарска помош во Хируршкото одделение на Општа болница Кочани, заради сериозноста на повредите е пренесен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.
На местото на настанот излезе истражен судија и преставници од Полициската станица од Кочани. Во интерес на истрагата засега полицијата не соопштува други информации за несреќата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива