Македонија
27. August 2020 - 11:31

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје

Вчера се случила тешка сообраќајка во Скопје помеѓу автомобил кој го управувал 16-годишник и мотоцикл управуван од 41-годишник. Мотоциклистот се здобил со тешки повреди. Како што стои во соопштението од МВР:

„На 26.08.2020 во 02,00 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„Јустинијан први“ и ул.„Солунска глава“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “мазда 6“ со скопски регистарски ознаки управувано од 16-годишник од Скопје и моторцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.С.(41) од с.Студеничани-скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје.“