Македонија
30. July 2024 - 12:53

Тешко повреден малолетен мотоциклист кај росоманско Сирково

Со тешки повреди се здобил синоќа малолетен мотоциклист кај росоманското село Сирково, потврди за МИА Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес. 

Синоќа околу 22 часот во ОВР Кавадарци, од болницата во Кавадарци било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Кавадарци. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од мотоцикл на патот Градско - Прилеп во изградба, во близина на селото Сирково.   

Доктор Ратко Грков, раководител на Итна медицинска помош во Кавадарци за МИА информира дека момчето било тешко повредено, со скршеници на глава и било пренесено на скопските клиники. 

Во ОВР Кавадарци синоќа било пријавено и дека на регионалниот пат Неготино - Кавадарци, во близина на село Марена, патничо возило со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.И.(42) од Кавадарци, удрило во пешакот Б.К.(44) од Скопје. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот констатирани во болницата во Кавадарци.  Увид на местото извршла увидна екипа од ОВР Кавадарци. 

Доктор Грков појасни за МИА дека повредениот пешак се здобил со лесни повреди, контузии и набиеници.