Македонија
17. December 2023 - 14:44

Тешка сообраќајна несреќа на патот „Охрид-Свети Наум“, две лица повредени

На 17.12.2023 во 01.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(40) од село Велгошти, охридско и патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.И.(22) од селото Долно Коњско, охридско.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „сузуки“-Ј.К. и неговиот соаптник А.Ј.(28) од Охрид, констатирани во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид и Општа болница – Охрид.