Теодоракис: Изгубивме 25 години во спор со земја што може да ни биде верен сојузник
Ставрос Теодоракис, претседателот на грчката либерална и социјал-демократска партија „Потами“ по протестите во Грција на својата Фејсбук страница ги осуди и кажа дека Македонија можела да биде верен сојузник.
Вели дека Грција губи веќе 25 години со одржувањето на воинствена атмосфера кон една мала земја што може да биде нејзина верна сојузничка.
- „Бидејќи не гледам голема разлика помеѓу „Поранешна југословенска република Македонија“ – име што сите го прифативме – и Нова или Северна или Горна Македонија. Бидејќи во „македонското“ прашање, исто како во „кипарското“, неактивноста и одлагањето се на штета на Грција и елинизмот. Бидејќи со ништо не сум политички или естетски поврзан со оние што велат дека сме под окупација и зборуваат за предавници, анти-Хелени, бесења и ковчези. Бидејќи ваквото дејствување води до политички терор. Бидејќи секој пат кога една држава на Обединетите нации ја признава „Република Македонија”, грчката дипломатија е ослабена. Затоа што не сакам соседната земја да се распадне – сакам да го спречам „муслиманскиот подарок на турската мајка” и „Голема Албанија”, пишува Теодоракис на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Над 300 вработени ја напуштија ХРТ
-
Кешишев: Мислев дека копаме злато, Велибор ми рече никој не треба да знае може да летаат глави
-
СВР Куманово приведе две лица, возеле со 1,57 и 1,68 промили во крвта
-
Дали чоколадното млеко е здраво за децата?
-
Го убиле и закопале во близина на неговата куќа, уапсени три лица осомничени за убиство во кривопаланечко
-
Советот на јавни обвинители ја исклучи јавноста од точката за разгледување предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски
-
Реал прв финалист во шпанскиот куп
-
Дембеле за мечот со Данкерк: Останавме фокусирани и покрај водството на противникот