Македонија
7. November 2022 - 10:06

ПОЦ: Минатата седмица санкции за 218 непрописно паркирани возила во општина Центар

 ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје изминатата седмица санкционираа 218 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот на територија на општината.

-Во периодот од 31 октомври до 6 ноември со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 114 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 104 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП ПОЦ.

ЈП ПОЦ и Општина Центар, нагласуваат оттаму, секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Апелираат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.