„Телеграф“: Владата тајно планира да остане во ЕУ
Британските евроскептици стравуваат дека владата во Лондон тајно планира да остане во Европската унија, пишува британскиот весник „Телеграф“.
Таа загриженост се појави откако беше објавено дека се издвоени стотици илјади фунти за изборите за Европскиот парламент 2019 година.
Според наводите на весникот, во прашање се 829 000 фунти издвоени за „активности во врска со изборите за ЕП 2019“.
Изборната комисија објаснува дека тие пари се издвоени „како мерка на претпазливост, за да може да ја исполни својата функција во случај изборите, сепак, да се одржат во таа земја, што е малку веројатно“. се средства
Весникот напоменува дека изборите за ЕП треба да бидат одржани меѓу 23 и 26 јуни идната година, а Британија треба да ја напушти ЕУ речиси два месеца порано, на 29 март.
Ново на Сител
-
Средба меѓу Зеленски и Макрон за безбедносната соработка и натамошната поддршка за Украина
-
Без струја дел од Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров
-
Решение за дефицитот на биолошка терапија за онколошките пациенти најавено за оваа недела
-
Мицкоски: Остануваме на нашите позиции за Бугарија, но сум подготвен да разговарам со бугарските власти
-
Променливо облачно со магла по котлините
-
Кривична за тетовец вработен во јавно претпријатие, парите не ги предал во благајна туку ги присвоил за себе
-
Приведен 39-годишен скопјанец, ги нападнал сестрата и неговата мајка
-
Европол: Уапсени 30 лица вмешани во трговија со луѓе во Шпанија и во Хрватска