Тажна вест: Почина еден од најголемите готвачи на денешницата
Водечкиот француски готвач Алан Сендерен, еден од основачите на движењето „Нова кујна“ (Nouvelle Cuisine), почина на 78-годишна возраст, соопшти критичарот Жил Падловски.
- Тој беше еден од последните големи креатори во Париз. Тој беше визионер, рече Падловски за човекот, кој заедно со Пол Бокус, Мишел Жерар и други готвачи ја започнаа „Новата кујна“ во 60-те и 70-те години на минатиот век.
- Никогаш нема да те заборавиме мил Алан. Веќе ни недостасуваш, напиша Падловски на својот блог.
Движењето „Нова кујна“ се карактеризира со елегантна презентација на јадења, кои покрај тоа се и поделикатни од традиционалните француски „тешки“ специјалитети.
Сандерен со децении беше најпознатиот готвач во Франција. Тој ја „сврте наопаку“ француската гастрономија со смелите комбинации на слатки и кисели вкусови, како јастог и ванила, па дури и реконструираше и древни рецепти како печени патки од готвач, кој датира од периодот на Стариот Рим.
Тој беше еден од првите кои се осмели да каже дека сирењето треба да се служи со бело вино.
Ново на Сител
-
Деновиве ќе биде соопштено од кои учебници ќе се учи во седмо
-
МАЕИ: Се подготвува декларација за непризнавање на пописните резултати
-
Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта
-
Изминатото деноноќие гореле камион, шупа, трева, депонии...
-
Молњи предизвикаа два шумски пожари на Тасос
-
Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан и Стефана годинешните зет и невеста
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет