Таравари: Во услови на криза многу тешко се наплаќаат даноците
Многу тешко успеваме навреме да ги наплатиме даноците, особено после 2020 година кога почна ковид пандемијата, изјави денеска градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари.
-За време на пандемијата од 2020 до 2021 година ние не ги притискавме многу граѓаните да плаќаат даноци. Сега како Општина Гостивар започнавме кампања за да ги мотивираме луѓето да плаќаат, бидејќи поинаку не можеме да функционираме, изјави Таравари во одговор на прашање пред почетокот на церемонијата за потпишување Меморандум за соработка со втората група 24 нови партнер-општини во рамките на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, насловена „Нови партнери и подобро општинско буџетирање“.
Тој нагласи дека нашата земја е најцентрализирана држава во регионот и во Европа.
-Под тоа подразбирам дека многу малку пари им се враќаат на општините, посебно во овие тешки периоди со ковид пандемија, енергетската криза, а сега и војната меѓу Русија и Украина што влијаеше врз покачување на цените и осиромашување на граѓаните. Сега тие се помалку плаќаат даноци, а тоа се основните извори на финансии во општините, посочи Таравари.
Во вакво централизирано општество и функционирање на држава, потенцира, навистина е тешко да функционираат општините.
-Се приклучувам на барањето на Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС дека или треба Владата да спроведе фискална децентрализација, со што повеќе пари од даноците ќе се враќаат во општините или, пак, да помогне како што се случи во 2018 година, кога за жал Општина Гостивар беше единствена урбана опозициска општина и доби најмалку пари од сите други општини, рече Таравари.
Ново на Сител
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра отишол да се бори за руската војска - кривична за скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода
-
Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана од 19 до 21 март
-
УЈП: Уште два дена за поднесување на ДДВ - 04 пријавите
-
По пауза од 17 години од март директна авиолинија Скопје - Амстердам