Таравари: Во Новата 2025-та повисоки плати, нови ваботувања и нови инвестиции во здравството
Новата 2025 година ќе биде бериќетна и за здравствените работници, вели министерот за здравство Арбен Таравари посочувајќи дека ќе има повисоки плати, нови ваботувања и нови инвестиции во здравството.
- Тоа го бараат здравствените работници, подобри услови за да на крај секогаш пациентите добијат подобри услуги, изјави денеска Таравари прашан дали ќе биде бериќетна Новата година и за здравствените работници по посетата на првороденчето во Новата 2025 година на ГАК.
Во однос на реформите во здравството, тој нагласи дека се започнати но тие нема да се случуваат преку ноќ.
- Реформи ако очекувате за една ноќ ниту за шест месеци тоа не бива. Ние веќе започнавме реформи- гледате - позитивна листа на лекови, масовни вработувања, Советот во Министерството веќе работи на изготвување на стратегија за децентрализација на здравството. Исто така работиме на нов закон за здравствена заштита, сигурно има 10-15 закони од здравството кои чекаат да дојдат на Собрание. Се надевам дека Старетегијата ќе биде готова втора половина на 2025 година и пред да излезе во јавност ќе се повикаат експерти, ќе се повикаат и другите политички партии не само од власта, за да добиеме стратегија која нема да се менува секоја година, вели Таравари за стратегијата која ќе се однесува на периодот до 2030 година.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање