Таравари: Владата со Алтернатива нема да биде одржлива
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари смета дека доколку дојде Алтернатива да прифати да влезе во новиот состав на Владата, таа нема да трае долго.
Таравари по средбата со амбасадорот на ОБСЕ, Клеменс Која одговараше на новинарски прашања за актуелните збидунувања во земјава. Прашан за очекувањата од најавената средба меѓу Африм Гаши и Зоран Заев, тој коментираше дека ќе ја почитуваат одлуката на Алтернатива, напоменувајќи дека на претходните избори како коалиција добиле 82 илјади гласови за, како што рече, „анти ДУИ политиката.
– Пред година и пол излеговме со г-динот Гаши на парламентарни избори и добивме гласови од граѓаните против политиките на ДУИ. Договорот беше потпишан за четири години и секако не мора да се придржуваат до тоа. Како ќе одлучат, така. Ние ќе ја почитуваме нивната одлука. Доколку влезат во влада, таа влада нема да биде одржлива, бидејќи има нестабилност во СДСМ. Таму владеат фракции и има многу неисполнети ветувања кон коалициските партнери. Сметам, дека наредната 2022-ра година ќе биде изборна, рече Таравари.
Според него, земјава на 14. декември нема да добие датум за почеток на преговорите за влез во ЕУ, бидејќи, како што рече, информации кои ги добиваат од Брисел е дека датум ќе добиеме во 2023-та година
За делувањето на партијата „Алијансата за Албанците“, тој напомена дека ќе останат во опозиција и веќе прават подготовки за Конгресот што го планираат за напролет. На тој конгрес приоритет ќе биде реорганизација и ребрендирање на партијата со кои ќе настапат на претстојните избори.
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа